Во страв од ,,Огнените” и ,,Црната листа” на САД Ахмети прави свој ,,Катиљ Ферман” на медиуми

Лидерот на ДУИ Али Ахмети прави сопствена црна листа на македонски медиуми во очекување на американската црна листа на која што може да се најде самиот. Тој ги прогласил Телма и Алфа ТВ за антиалбански медиуми затоа што таму редовно се известува за активноситите на фракцијата во ДУИ која не е под контрола на Артан Груби.



Ова е анализа на член на ,,Огнената група”, фракција во ДУИ која бара Ахмети да ја води партијата во интерес на Албанците а не под влијание на Артан Груби.

Алфа ТВ и Телма каде се емитуваат вести за корупцијата во ДУИ и за активностите на ,, Огнената група” се прогласуваат за антиалбански од страна на Ахмети затоа што тие зборуваат за корупцијата и криминалот на дел од ДУИ под контрола на Груби и Османи а не за сите Албанци, вели членот на ,,Огнената група”, кој смета дека Ахмети е натеран од Груби да прогласува антиалбански медиуми затоа што се плаши дека наскоро во овие два медиуми ќе излезат стории за криминалот и корупцијата во ДУИ.

Ахмети треба да ја води партијата рационално и врз основа на реалната ситуација во која ДУИ во очите на јавноста станува корупциско друштво заради групата на Груби а не да извршува нарачки на мал дел корумпирани функционери на ДУИ, бара членот на ДУИ кој најавува уште поостра битка во редовите на ДУИ пред следните парламентарни избори кои според него можат многу лесно можат да бидат предвремени.

Денеска ДУИ со соопштение неуспешно се обиде да ја спушти топката откако вчера Ахмети ги нападна Алфа ТВ и Телма.

ДУИ: Ахмети не спомна непријателски медиуми, туку агресивни непријателски тонови од граѓаните во контактните емисии на Алфа и Телма