Претседателот на македонскиот парламент, Талат Џафери, тврди дека ДУИ го ослободи Гостивар од – наркомани.



Одговарајќи на прашање на пратеникот на Беса, Фадиљ Зендели, адресирано до Али Ахмети, во кое се бара лидерот да наведе еден проект што ДУИ го реализирал во Гостоивар, Џафери вели:

„А бре Фадиљ Зендели, пратеник на Беса. Поранешен мој војник во 16. бригада. Не ти е ли јасно дека главен проект на Али Ахмети е центарот на Гостивар, кој беше центар на кражби и наркомани во Гостивар, а денеска не е? Во 2005 година, бидејќи за одлуките што ги донесе ДУИ, Али Ахмети, спроведени од екс градоначалникот на општината Невзат Бејта, јас не негирам, центарот на Гостивар стана центар на град и градот се претвори во град тогаш. Но, тоа не го направи еден човек, било Невзат Бејта или Талат Џафери, тоа го направи ДУИ – изјави Талат Џафери.

ДУИ и Невзат Бејта раководеа со Гостивар во периодот 2005-2009 и 2013-2017 година. Во 2017 ДУИ изгуби на избори од Алијанса на Албанците, исто како и на локалните избори во 2021 година.