Бугарфскиот претседатерл Румен Радев претпладнево ѝ и го додели мандатотна бугарските социјалисти за состав на влада.



Претседателот ја изненади лидерката на БСП со букет црвени рози за нејзиниот роденден.

По неуспехот на првиот и вториот мандат, тој реши да им даде трета шанса на социјалистите да формираат кабинет.
Радев смета дека БСП не само што успеа да го одржи дијалогот со сите партии застапени во парламентот, туку и покажа дека може да прави компромиси и да се договори, да влегува во коалиции и да владее заедно со своите идеолошки противници, рече Радев. БСП покажа дека може да комуницира со старите и новите партии, рече тој.

Лидерката на БСП на шефот на државата му подари кутија со слатки за да си го почести за роденденот.

„Ви благодариме за довербата, ја разбираме тежината на ситуацијата, одговорноста што ни е доделена“, рече Корнелија Нинова.
Таа вети дека БСП ќе направи се за да има редовна влада, бидејќи покажа дека може да води разумен и мирен дијалог во интерес на Бугарија.