Две измени во составот на Македонија за мечот со Холандија

Селекторот Кире Лазаров направи две замени за денешниот меч во однос на дуелот со Норвешка, принудно го нема Томислав Јагуриноски, а изоставен е и Костадин Петров. 



Двајцата нови ракометари во составот се Давид Савревски и Павле Атанасијевиќ. Ако Савревски беше очекувана замена за Јагуриноски, изненадување е отсуството на Петров кој имаше четири од четири против Норвешка. Ова значи дека Лазаров се откажува од еден пикер, и ја засилува левата бековска позиција со Атанасијевиќ.