МНР побарало Софија да се огради од провокациите на Костадинов и Џамбаски

viber sharing button

Македонското Министерство за надворешни работи се огласи по повеќе од 24 часа по собирот на Бугарите од Македонија на кој присуствуваа и европратеникот Ангел Џамбаски и лидерот на Преродба, Костадин Костадинов.



Двајцата политичари, кои според премиерот Димитар Ковачевски, се непожелни во Македонија среде Скопје порачаа „да живее бугарска Македонија“ на панихидата организирана за 95-годишнината од смртта на Мара Бунева.

-Министерството за надворешни работи со големо внимание ги следи изјавите на одредени маргинални политички фигури од Р. Бугарија чии провокации продолжуваат, без притоа да водат сметка за напорите кои ги вложуваат двете држави за одржување на конструктивната соработка и позитивниот дух во билатералните односи меѓу двете држави. Министерството, по дипломатски пат соодветно реагира до официјална Софија, во кое побара оградување од недоличните изјави кои ги повредуваат чувствата на граѓаните на Северна Македонија, и воедно серизно им наштетуваат на напорите за унапредување на добрососедските односи меѓу двете земји.