Извлечени 68 тела на загинати во авионската несреќа во Непал, потрагата по уште четворица патници продолжува утре

epa10406664 The wreckage at the crash site of a Yeti Airlines ATR72 aircraft in Pokhara, central Nepal, 15 January 2023. A Yeti Airlines ATR72 aircraft carrying 72 people on board, 68 passengers and 4 crew members, crashed into a gorge while trying to land at the Pokhara International Airport. According to a statement from the Civil Aviation Authority of Nepal (CAAN), at least 68 people were confirmed dead. EPA-EFE/BIJAYA NEUPANE

Безживотните тела на најмалку 68 лица се извлечени во Непал по уривањето на патнички авион во близна на градот Похара во централниот дел на земјата. Ова, барем за сега е моменталниот број на загинати во, како што наведуваат странските медиуми, најсмртоносната авионска катастрофа во хималајската земја во последните три децении.



На видеo-снимка објавена на социјалните мрежи се гледа како авионот лета ниско над населено место пред да направи нагло свртување.

Несреќата соодветствува на бројот на патници, кои летале со авионот на компанијата „Јети ерлајнс“ за главниот град на Катманду. Имено, според компанијата, во урнатиот авион имало вкупно 72 лица, од кои 68 патници и четворица членови на екипажот.

Според претставник на аеродромот, меѓу патниците имало и 15 странски државјани, Австралиец, Французин, Аргентинец, четворица Руси, пет Индијци, двајца Јужнокорејци и едно лице од Ирска. Како што пренесуваат медиумите, извлекувањето на телата се одвива многу тешко бидејќи авионот се урна во клисура долга 300 метри. 

Авионот со двоен пропелер, кој бил стар 15 години, патувал од главниот град Катманду до градот Похара во централен Непал, популарна порта кон Хималајските планини за верските аџии и меѓународните патници, пишуваат тамошните медиуми.

По падот авионот се запалил, поради што спасувачите кои први пристигнале на местото првин морале да се справуваат со огнот, а потоа да трагаат по преживеани и извлекување на телата.

Сите агенции сега се фокусирани прво да го изгаснат пожарот и да ги спасат патниците“, изјави локалниот претставник Гурудута Дакал.

Локалната жителка Девета Кал за Би-Би-Си изјавила дека веднаш се упатила на местото на несреќата откако забележала како авионот паѓа кон земјата.

Кога стигнав таму, местото на несреќата веќе беше преполно. Имаше огромен чад што доаѓаше од пламенот на авионот. А потоа за кратко време дојдоа хеликоптери“, рече таа.

Непалскиот премиер Пушпа Камал Дахал свика итен состанок по несреќата. Владата на Непал, формираше петчлена истражна комисија која треба да ги утврди причините за падот на авионот.