Третиот мандат за формирање влада од 48. Народно собрание на Бугарија повторно е во рацете на социјалистите.
Радев во понеделник на 16.01.2023 година во 10:00 часот ќе и го врачи мандатот на лидерот на социјалистите Корнелија Нинова, јавува Њуз.бг.
Очигледно, последните неколку дена не ја поколебаа одлуката на претседателот, и покрај бројните навестувања и директни изјави од двете најголеми парламентарни сили, ГЕРБ и Продолжуваме со промената дека мандатот би бил најуспешен доколку отиде во рацете на Христо Иванов и „Демократски Бугарија“.
БСП и претходно, по претходните изборни циклуси го даваше мандатот на БСП, но Корнелија Нинова ниту еднаш не успеа да ја собере потребната поддршка за формирање влада.
Веројатно, тоа нема да се случи ни сега…
Во парламентот БСП веќе е на петто место како политичка сила, намалувајќи го својот резултат на секој од одржаните предвремени и регуларни избори.
Од БСП најавија дека ќе разговараат со сите парламентарни партии, но сепак нема да бараат поддршка од ГЕРБ и ДПС.







