Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, вечерва на средба со граѓаните од Чегране, Гостиварско, порача дека политичките партии мора да се обединат, да создадат сојуз за Европа и што поскоро да се донесат уставните измени со вметнување на Бугарите затоа што тоа е единствено решение за отворање на првото поглавје од пристапните преговори со Европската Унија (ЕУ). 



,,Имаме услови дека без уставни измени не може да се отвори првото поглавје затоа што скринингот е почнат и следната средба со ЕУ мора да започне во ноември.

Политичките партии мора да работат да ги убедат луѓето дека единствено решение е Бугарите да станат дел од уставот и да го отворат првото поглавје (со ЕУ). Затоа што со тоа победуваат сите партии во оваа земја.

Најдоброто решение за нашите проблеми е да создадеме сојуз за обединета Европа. Сите треба да се гордеат со тоа и треба што поскоро да ги исполнат домашните обврски“, рекол Ахмети, се наведува во соопштението од партијата.