Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски се обиде да заработи политички поени со честитка за учество на македонската ракометна репрезентација на светското првенство во Полска и направи најмалку 5 грешки:
1. Му честиташе на Наумче Мојсовски кој не игра ниту е член на репрезентацијата наместо на некој ракометар или на селекторот Лазаров
2. Му честиташе на својот партиски колега од СДСМ кој е директор на владината агенција за спорт и млади наместо на некој непартиски активен спортист или спортски работник
3. На дресот што му го поклонува на Мојсовски му е згрешено името затоа што вистинското презиме на Наумче е Мојсовски
4. Дрес со негово име не се дава на екс репрезентативец кој веќе има десетици такви дресови
5. На сите им е јасно дека Спасовски нема никаква врска со спортот и ракометот и дека средбата со Мојсовски е само обична партиска пропаганда на министерот кој се дел од истрага на обвинителството за организиран криминал и кој е дел од внатрешната пресметка меѓу скопското и струмичкото крило на Заев.
Сите коментари за евтината пропаганда на Спасовски во твитот
Чест ми е на македонските ракометни амбасадори да им порачам од свое и од име на македонскиот народ, преку @NaumceMojsovski:
Срцето на нацијата чука силно за вас, ЗАЕДНО сме со вас!
За игра со срце, во еден пулс, ЗАЕДНО навиваме!
Напред во победи!🇲🇰❤️
#POLSWE2023 #StickTogether pic.twitter.com/af7p8H645S— Oliver Spasovski (@o_spasovski) January 13, 2023






