Вчера тројца каснати од кучиња во Скопје

Вчера беа пријавеи дури три напади од кучиња скитници врз граѓани кои за тоа известиле во полиција.



На 13.01.2023 во 16.30 часот во Полициската станица Аеродром, С.С.(43) од Скопје пријавил дека на бул.„Јане Сандански“ неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.

Истиот ден во 22.40 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, П.Ц.(28) од Скопје пријавил дека на ул.„Пекљане“ бил каснат од куче скитник.

Ооколу 12.00 часот вчера, во Полициската станица Драчево, Г.Ц.(54) од Скопје пријавил дека на ул.„Бранко Заревски“ бил каснат од куче скитник.