Бугарските државници, политичари, менаџери и пратеници не разбраа дека стратешката цел на Грција е да го спречи спроведувањето на „Коридорот бр. 8“.



„Ентузијазмот со кој се зборуваше за овој десетгодишен сон по потпишувањето на Договорот за добрососедство и соработка меѓу Бугарија и Република Македонија на 2 август 2017 година, веднаш беше задушен од Атина“ , пишува новинарот Иван Николов, уредник во -шеф на списанието „Бугарија-Македонија“ за БГНЕС.

Николов вели дека Грција набрзина ја пуштила во оптек својата резервна опција – проектот за изградба на железничката врска Русе – Варна – Бургас – Дедеагач – Кавала – Солун. а тогашниот премиер на Грција, Алексис Ципрас, на 6 септември 2017 година во Кавала го покани својот бугарски колега Бојко Борисов да потпише меморандум за реализација на овој проект.

Енергетската криза, која ја опфати не само Европа, туку и многу други земји во светот, стана повод Грција да го оживее својот сон за остварување на оваа железничка врска, вели Николов.

„Тоа од една страна го одвлекува вниманието на Бугарија од инфраструктурата долж оската „Исток-Запад“, а од друга страна им дава адути во рацете на грчките државници да инсистираат на спроведување на сопствената инфраструктурна стратегија.

Така, во магистралата Виа Игнација ќе вбризгаат висока доза економски серум, кој е премногу нерентабилен од економски аспект, но за нив од екстремно геополитичко значење“.

Земјите како Албанија и Бугарија очекуваат да добијат придобивки со искористување на нивната географска положба…Природно е дека на овие очекувања се спротивставуваат аспирациите на грчката политика, чија цел е да го премести центарот на гравитација во областа на комуникациите во Северна Грција…“ – вели Николов.

Немам намера да се повикувам на интелектот, совеста и државничкото однесување на оние кои моментално ја држат судбината на Бугарија во свои раце.

„Проектот „Коридор бр. 8“ продолжува да биде химера за Бугарија. А, Бугарија со инфантилен ентузијазам брза да помогне во спроведувањето на стратегии чија единствена цел е да ја попречат инфраструктурата долж оската „Исток-Запад“, заклучува Николов.