Доверливи владини документи од администрацијата на Обама беа пронајдени во гаражата на домот на претседателот Џо Бајден во Делавер.



Последното откритие доаѓа три дена откако специјалниот советник на Бајден, Ричард Заубер, ги потврди медиумските извештаи дека адвокатите на претседателот пронашле една серија доверливи документи од администрацијата на Бајден на 2 ноември во канцеларија што Бајден ја користел како приватен граѓанин во Вашингтон, објави Си-Ен-Би-Си.

За второто откритие тој рече дека во гаражата биле пронајдени „мал број“ записи со класифицирани ознаки.

Бајден за ова даде изјава за новинарите.

„Како што реков претходно оваа недела, и патем, мојата ‘Корвета’ е во заклучена гаража, па не е на улица“, рече Бајден, мислејќи на документите.

„Луѓето знаат дека сериозно ги сфаќам доверливите документи и доверливите материјали“, рече Бајден. „Реков и дека соработуваме, целосно соработувавме со прегледот на Министерството за правда“.