
Денеска пред валадата се одржа протест на кој учство зедоа повеќе здруженија за заштита на животните, како граѓани против насилство врз кучињата скитници.
Под мотото „Не сте безбедни во својата држава! Ајде да пробаме по наше!“ тие упатија порака до власта дека не го решава проблемот со бездомните животни.
Настанот беше инициран по последните случувања со кучињата скитници во Струга, кога беа застрелани неколку бездомни животни.
„И кучињата си одат од државата од вашата неспособност“, „правда за искасаните луѓе и убиените кучиња“, беа само дел од пораките кои ги испратија здруженијата за заштита на животните.
Активистите велат дека потребно е итно преземање на мерки.
Премиерот Ковачевски, вчера изјави дека проблемот со кучиња скитници е во надлежност на локалните власти и нагласи дека Владата ќе бара помош од Брисел. Од Анима Мунди велат, не е неопходен Брисел, ниту се неопходни пари, за да се измени по итна постапка Законот за заштита и благосостојба на животните. Тие предлагаат измени и дополненија на Законот.





