„…премиерот ќе бара помош од Брисел и за кучињата скитници. И за тоа го овластил министерот за земјоделие да бара пари од ИПАРД фондовите за некој државен проект, оти градоначалниците не се зафаќаат со проблемот на улични кучиња, иако тоа е нивна работа. А локалните власти нека се самоукинат. За што ги бираме градоначалниците и општинските совети? Само за да ги вработуваат своите партиски другарчиња со нашите пари?



Идеја на премиерот: Со пари од ИПАРД програмите против кучињата скитници

И зошто само Брисел да се алармира? И од Вашингтон да се побара помош, не сме за џабе стратешки партнери со САД“, иронично препорачува новинарот Горан Михајловски во редовната колумна на порталот „Сакам да Кажам“,

Михајловски предлага и министерот за надворешни работи Бујар Османи да се вклучи во кампањата.

„Не е сè во претседавањето со ОБСЕ и „За луѓето се работи“. И за кучињата се работи. Особено кога градоначалниците како приоритетен проблем кој веднаш го решаваат е купувањето нова кола.

Оти поважно е да си ги топлат газовите со греачи на седиштата, отколку тоа што кучињата им ги јадат гласачите.

Градоначалникот на Струга викаше дека не го личи да се вози во стара кола, ама Струга ептен ја личи кога кучиња ги бркаат граѓаните, а како дополнителна туристичка атракција и наоружани цивили шетаат сабајле и пукаат по улици“, пишува Михајловски.