За во сабота членовите на бугарската Фондација Македонија организираат одбележување на денот кога била убиена македонската револуционерка Мара Бунева во центарот на Скопје

Виктор Стојанов од фондацијата на својот фејсбук-профил ги повикува Бугарите да дојдат во што поголем број. Тој особено истакнува дека за Бугарите од Охрид, Битола Богданци, Струмица, Штип, Кочани… обезбеден бил и организиран превоз. Тој ги повикува и Бугарите од Бугарија за да ги поддржат локалните Бугари.
Фондацијата информира дека скопската полиција веќе била известена и дека ќе се грижи за безбедноста на учесниците на чествувањето.

Веќе неколку години здруженија на Бугари на кејот на Вардар во центарот на Скопје се собираат пред спомен-плочата на македонската револуционерка Мара Бунева. Среде Скопје Бугарите го развејуваат и знамето на цар Борис, чие име е поврзано со прогонот и уништувањето на Евреите од окупираните територии од страна на фашистичка Бугарија за време на Втората светска војна.
Мара Бунева е македонски револуционер, таа го изврши атентатот врз српскиот државен обвинител Велимир Прелиќ на 13 јануари 1928 година. Нејзините последни зборови беа: За Македонија! Прелиќ беше симбол на српскиот терор и ропство.
Таа е родена во Тетово. Според толкувањето на историчарите, искривувањето на историјата и вистината, тврдењата дека Бунева била Бугарка е српска пропаганда за да се оправда соживотот во СФРЈ, како и да се сокрие српската окупација на Македонија. Нивна забелешка е дека македонската држава не направи спомен обележје достојно на саможртвата на Бунева, туку се дозволи присвојување на нејзиното дело за туѓи интереси.





