Професорката Мирјана Најчевска со свој став на средбата во Тирана на лидерите на партиите на Албанците во Македонија на покана на албанскиот премиер Еди Рама од која има малку или безмалку никакви, информации која била целта и кои биле темите на разговор…



„Да поканиш на средба политички лидери на држава сосед, при што тоа се лидери на партии претставници на една етничка заедница за која си ти матична државана и да водиш затворени разговори за мене е:

1. Понижување и омаловажување на државата сосед

2. Индикатор за подготовка на противуставни активности и активности кои ја загрозуваат државната безбедност на државата сосед

3. Директно мешање во внатрешните работи на суверена држава.

4. Поттикнување на раздор по етничка линија.

И секако, на внатрешен план, една ваква средба може да значи само подигање на сопствениот рејтинг под закрилието на идејата за Голема Албанија.

Извинете, ама ова за мене е неријателски акт“ напиша Најчевска на Фејсбук.