Полскиот град Краков денеска е домаќин на средбата меѓу Македонија и Норвешка во рамки на Светското првенство во ракомет која се игра вечерва од 20.30 часот.
Покрај македонската фаланга која е веќе во Краков низ звуците на главната улица на овој полски град денеска може да се чуе музиката на песната ,,Македонско девојче”, која ја свири полски уличен музичар.
Уживајте во звуците на прекрасната песна на Јонче Христовски која е популарна и во Полска






