Синоќешното „спектакуларо“ бегство на затвореник осуден на 20 годишна казна за убиство, не би требало да биде изненадување.



Како на филм : Осуденик на 20 години грабнат од комбе на затворската полиција

Барем не за статистиката според која Македонија убедливо води по бројот на затвореници што избегале од затвор.

Имано, во Македонија на секои 10.000 затвореници 691 затвореникуспеале да избегаат од затвор.

Веднаш Македонија се наоѓаат Холандија со 315 избегани на 10.000 затвореници и Швајцарија со 284.

Некои земји воопшто не пријавиле случаи на бегство од затвор, а меѓу нив се Албанија, Црна Гора, Словенија, Малта и Кипар.

Податоците за оваа карта доаѓаат од Годишната казнена статистика на Советот на Европа.