Франција ќе ѝ испорача тенкови AMX 10-RC на Украина во рок од два месеци, изјави министерот за вооружени сили на земјата. Себастиен Лекорну рече дека се надева дека ќе ги испорача тенковите до март и нагласи дека има голема поддршка за Украина во Франција.
Текстот продолжува под огласот
Велика Британија, исто така, неодамна објави дека размислува да испрати тенкови Челинџер 2. Таквиот потег би претставувал голем чекор во поддршката на Западот за Украина и би можел да ги поттикне другите сојузници на НАТО, особено Германија, да го следат примерот, пишува Ројтерс
Украинскиот претседател Володимир Зеленски долго време бара од западните земји да обезбедат тенкови Леопард II од германско производство, кои ги користат неколку европски сојузници; вклучувајќи ги Полска, Финска, Холандија и Шпанија.
Германскиот канцелар Олаф Шолц се противи директно да доставо „леополд“ тенкови на Украина, но Берлин не се противи тоа да го направат другите НАТО сојузнички.






