
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вети денеска дека ќе обезбеди „сè што е потребно” на украинските војници, кои ги одбиваат руските напади врз Бахмут и Соледар – два града во источниот регион Доњецк што Русија се обидува да ги заземе, пренесе БТА.
„Нагласувам дека единиците кои ги бранат овие градови ќе бидат снабдени со муниција и сè што е потребно навремено и во цел обем“, напиша украинскиот претседател на Фејсбук по средбата со Генералштабот на вооружените сили.
Во Соледар сè уште има украински војници“, соопштија денеска руските власти во регионот на Доњецк, пренесува „Скај њуз“.
Шефот на платеничката група Вагнер, Евгениј Пригожин пак вчера изјави дека Соледар е целосно ослободен и дека се убиени 500 украински војници.





