Владата ќе бара помош од Брисел, преку ИПАРД програмите да се изгради стационар за бездомните кучиња, најави премиерот Димитар Ковачевски во одговор на новинарско прашање, иако, како што дополни, се работи за проблем под ингеренции на локалните власти, пренесува Радио слободна Европа.
„Јас разговарав со министерот за земјоделство, при следната посета на Брисел со соодветните сектори да разговараме за одредена соработка преку ИПАРД програмите, доколку може да се направи некој модел на одреден стационар којшто ќе може да биде некаков државен проект, иако не е ингеренција на државата, со цел да можеме да помогнеме на граѓаните и на општините во справувањето со овој проблем.
Бидејќи се работи за навистина голем проблем, а гледам дека градоначалниците воопшто не се занимаваат со него“, изјави премиерот.







