Евроамабасадорот Дејвид Гир денеска порача Македонија е да го искористи импулсот за да напредува на патот кон ЕУ, кој, како што рече, е отворен.
„Според него, со цел да се искористи импулсот во процесот на пристапувањето, промените во Уставот мора да се направат, што ќе овозможи процесот да продолжи со отворање на поглавјата, рече Гир денеска на тркалезната маса „Западен Балкан помеѓу Западот и Истокот: Северна Македонија- членка на Европската Унија до 2030 година” во организација на Советот на амбасадори.
„Не е реално да се мисли дека овој чекор може да се избегне и дека процесот на пристапување магично ќе продолжи. Не ветувам дека е реално да се надеваме оти повторно ќе преговараме за договорот до кој тешко се дојде.
Прашањето е дали државата може да стане членка на ЕУ до 2030 година. Одговорот е: зависи од самата држава. Задачата е значајна, обемот на реформи се големи, ќе има подеми и падови и овде и во Брисел, но сметам дека долгорочниот пат е утврден, трасата од ЕУ е утврдена и ветувањето е реално и зависи од оценувањето на заемните потреби и интереси“,потенцираше Гир.
„Проширувањето мора да биде национален проект бидејќи навистина ќе има предизвици на патот кон ЕУ“,







