Амбасадорот и поранешен вицепремиер за евроинтеграции вели дека резервираноста и внимателноста во Македонија за антикорупциски проекти однадвор, (во случајов општото одобрување на американскиот тим за борба против корупцијата, кој на крајот на минатата година дојде за да ја скенира состојбата со корупцијата во Македонија) се очигледни.
„Со оглед на дебаклот на СЈО, кое имаше голема меѓународна поддршка, а од она што видовме од него, наместо да расчисти со корупцијата, се претвори во нејзино легло“, вели Ивица Боцевски, во изјава за Нова Македонија.
Тој смета дека „секоја држава треба да се труди и да биде одговорна за справување со корупцијата во својот државен систем“.
„Но се покажаа нашата незрелост и неефикасност, особено од носителите на највисоки јавни функции, за кои познавачите на оваа проблематика издржано аргументираат дека „корупциските поведенија се генерирани токму од највисоките општествени слоеви и како такви тие се системски вградени во општеството, при што веројатноста да се автоелиминираат е невозможна“.
Точно дека борбата со корупцијата треба да ја водат домашните институции, а добронамерна странска помош е силен импулс, бидејќи сепак нивните институции немаат извршна надлежност во Македонија.
„Но, да му дадеме шанса на советникот на Стејт департментот, Дерек Шоле, да го објасни планот на американската администрација за борбата со корупцијата, како во Македонија, така и во регионот. Очигледно, станува збор за регионален проект на САД за борба против корупцијата на Западен Балкан вели Ивица Боцевски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции.






