Нови поефтинувања на производите до крајот на месецот не треба да се очекуваа, порачуваат дел од производителите. Откако добија субвенционира струја, од компанијата „Пекабеско“ велат дека цените на нивните месни преработки во просек поевтиниле за 8%, но струјата не е единствениот проблем со кој се соочуваат. Нафтата, суровините, зголемените плати за работниците дополнително „притискаат“ за цените на крајниот производ да растат.

Бараат укинување на давачките за увоз на свежо месо, но од Влада не добиле позитивен одговор на ова барање.
„Разговаравме, со Владата велат во овој момент не сме во можност. Не можеме и пари за струја да даваме и пари за ова и пари за она. Еден е џебот. Сега за сега ќе почекаме. / Месото скоро 40, 50% поскапе. Репроматеријалите, комуна, ако не спакуваме во картон ние не можеме да продаваме, а немаме друг добавувач. Така да тоа е нашиот оптимус, сега, ако се пружи простор ќе намалиме дополнително.“
Во посета на компанијата беа премиерот Ковачевски и министрите Николовски и Бектеши. Министерот за економија вели дека се разгледуваат сите опции како основните производи да поевтинат. Оценува дека веќе има стабилизирање на цените.
Откако фирмите добија субвенционирана струја, на терен одредени намалување на цените има, но минимални. Дека има благ пад на инфлацијата во последните два месеци од годината, пресмета и статистика.





