Бомбаш самоубиец детонираше направа во средата, на 11 јануари, во близина на авганистанското Министерство за надворешни работи во главниот град, предизвикувајќи повеќе од 20 жртви, изјави член на персоналот на агенцијата Франс прес (AFP).
На снимките од местото на настанот се гледаат луѓе како лежат во снегот на улицата пред централната зграда во Кабул.
„Не знам колку од нив се мртви или повредени“, рече возачот на АФП, Џамшед Карими, додавајќи: „Видов дека човекот се разнесе“.
Портпаролот на полицијата во Кабул Калид Задран ја потврди експлозијата „која за жал резултираше со жртви“.
Талибанците тврдат дека ја подобриле безбедноста откако се вратија на власт во август 2021 година, но имаше голем број експлозии и напади на бомби, за кои одговорноста за многумина ја презеде локалниот огранок на групата Исламска држава (ИД).
„Денеска требаше да има кинеска делегација во Министерството за надворешни работи, но не знаеме дали тие биле присутни во моментот на експлозијата“, изјави за AFP заменик министерот за информации и култура Мухаџер Фарахи.







