На 10.01.2023 во 17.15 часот во Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга, извршен е службен разговор со М.З.(62) од селото Ливада, струшко.
Според полициското соопштение тој се сомничи дека во периодот од 06.45 до 07.15 часот на улица „Владо Малески“ во Струга со огнено оружје усмртил седум кучиња скитници.
,,Од него, одземена е ловечка пушка сачмарка калибар 16 милиметри за вештачење. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава”, стои во соопштението на портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Селото Ливада во Струшко е познато по бројот на лекари во ова населено место, над 40.
Од таму е екс лидерот и основач на Алијансата за Албанците Зијадин Села.






