Во писмена изјава Трајко Славевски, претседател на совет на град Скопје бара партиите да не го користат загадувањето за добивање политички поени а власта да ги преземе сите можни мерки што и стојат на располагање.
Славески вели дека од градот Скопје добил потврда дека веќе се спроведуваат сите можни меки што ги има метрополата.
,,Во однос на барањето на советниците на СДСМ за свикување на вонредна седница на која ќе се дискутира за препораки во борбата против загадениот воздух во текот на денешниот ден од кабинетот на градоначалникот добив писмен одговор и мислење за предложените препораки и се изразува уверување дека градот Скопје веќе превзема голем дел на среднорочни и долгорочни мерки во борбата против загадениот воздух.
Во исто време сум должен да напоменам дека не е собран потребниот број на советнички потписи за свикување на вонредна седница пропишан со деловникот на град Скопје и нема услови за свикување на истата.
Како прв меѓу еднаквите во советот апелирам да се воздржат партиите од правење на политика и терање на популизам на една ваква чуствителна тема која ги засега сите граѓани на главниот град. Апелирам на соодветна државна реакција, каде ќе биде имплементирана координирана акција на сет од мерки за намалување на загаденоста на воздухот која подеднакво сите не засега”, стои во писмената реакција на Славески кој го објавува и писмото што го добил од тимот за поддршка на градоначалничката Данела Арсовска во врска со мерките.









