Вчера во Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга, бил извршен е службен разговор со М.З.(62) од селото Ливада, струшко.



„Тој се сомничи дека во периодот од 06.45 до 07.15 часот на улица „Владо Малески“ во Струга со огнено оружје усмртил седум кучиња скитници.

Од него, одземена е ловечка пушка сачмарка калибар 16 милиметри за вештачење“, информираат од СВР Охрид.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.