Маж со нож нападнал шест лица на железничката станица Гаре ду Норд во Париз утрово , при што еднолице е тешко повредено, изјави портпаролот на полицијата.



Напаѓачот бил застрелан неколку пати од полицијата и бил пренесен во болница со сериозни повреди, соопшти полицијата.

Мотивите на мажот не се јасни, јавува Ројтерс.

Еден полициски извор изјави дека полицаецот кој пукал во напаѓачот не бил на должност.

Нападот се случил околу 6 часот и 40 минути на една од најпрометните станици во Европа и главна врска помеѓу Париз, Лондон и северот на Европа.

Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин изјави дека напаѓачот бил „неутрализиран“ од полициските сили.