Советникот на Стејт департментот Дерек Шоле денеска ќе престојува во Скопје, при што ќе се сретне со премиерот Димитар Ковачевски, со кого ќе разговара за повеќе прашања, меѓу кои енергетиката, економијата и борбата против корупцијата.



Целта на посетата на Шоле на Западен Балкан, која е дел од балканската турнеја за време нан ккоја ќе ги посети и Србија и Косово, е да ја нагласи трајната посветеност на САД за мир, стабилност и просперитет на Западен Балкан.

Амбасадорката на САД во земјава Анџела Агелер во понеделникот рече дека САД имаат план да ги реафирмираат заедничките приоритети како што е борбата против корупцијата и дека тоа ќе остане приоритет за Вашингтон и ќе покрене неколку прашања за време на посетата на советникот на Стејт департментот, Дерек Шоле.

Агелер посочи дека ова биде ќе многу интензивна година, а, како што рече, советникот Шоле со неговата посета ќе ги потврди заложбите и поддршката на САД за Македонија.