„Лидерот на ДУИ Ахмети од Тирана го коментираше политичкиот ‘такат’ (моќ) на Движењето Беса, велејќи дека таа немала ‘такат’ да свикува средби на лидери. Но, оваа Беса со овој свој ‘такат (моќ) те порази Ахмети, двапати по ред во главниот центар на Албанците, во Тетово. Никој нема воопшто да те спаси ниту од загубата и на идните избори, кога било да се одржат!“ – му порача лидерот на Беса Билал Касами преку својот фејсбук-профил на првиот „интегративец“ Ахмети како одговор на неговото потценување на опозициската Беса.
Во својот противодговор Ахмети му порачана Касами дека „ДУИ нема никој потреба никој да ја спасува, бидејќи таа како партија е победничка веќе дваесет години“.
Али Ахмети присуствува на средбата во Тирана, свикана од Еди Рама и тој е придружуван од Артан Груби. На таа средба одбија да учествува Беса и нејзиниот лидер Билал Касами со образложение дека „средбата се злоупотребува од Груби и Ахмети, за да се спасат тие и нивната партија, од тешката ситуација во која се наоѓаат како политички субјект на Албанците во Македонија“.





