Иако официјален Париз ги прифати сите барања на Бугарија во однос на Македонија содржани во таканаречениот Француски предлог во Софија од печат излегла книга која жестоко ги напаѓа Франција и претседателот Макрон.
Авторот на книгата со наслов ,,Франција и македонското прашање” покрај лагите за Македонија на 800 страни тврди дека официјален Париз повеќе од 70 години помага во уништувањата на Бугарите во Македонија.
Според авторот Никола Григоров францускиот претседател Макрон е бугаромрзец а Франција го подржувала геноцидот над бугарите во Македонија…
Цената на бугарскиот историски и политички памфлет е 35 лева или околу 17 евра.







