По пет години Талат Џафери не се појави на именден кај поглаварот на МПЦ-ОА

На традиционалниот ручек што го приредува поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан, по повод божиќните празници и неговиот именден вчера биле присутни само претседателот Пендаровски и премиерот Ковачевски.



Според објавените фотографии на ручекот не бил присутен спикерот на Собранието Талат Џафери кој предходно пет години откако е избран е дел од државната делегација која му го честита именденот на поглаварот на МПЦ-ОА.

Од МПЦ-ОА и од Собранието нема официјално објаснување зошто Џафери за прв пат откако е избран за спикер не се појавил на свечениот ручек.

Според социјалните мрежи каде Џафери ги објавува своите активности тој вчера немал други настани на кој присуствувал.

На приемот по повод именденот на Г.г. Стефан вчера од непознати причини не се појавил ниту министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој во последниве пет години беше дел од високите гости кај поглаварот на МПЦ-ОА.

Фотографии од традиционалната средба од предходните години