Аналитичарот Енвер Салихи средбата во Тирана ја сфаќа како притисок кон албанските опозициски партии за влез во Владата како единствен начин за продолжување на европскиот пат на Македонија.



Тој во разговор за „Локално“ вели дека „нема простор да се сатанизира една средба која има добра цел“.

„Еди Рама во клучен момент ќе помогне за продолжување на сонот за европската перспектива на РСМ која е скоро и невозможно ако наскоро имаме избори и ако на власт дојде ВМРО ДПМНЕ-судејќи по изјавите на сите чинители на оваа партија дека би било предавство гласањето на уставните измени, а токму тоа е услов за започнување на понатамошниот прогрес на нашата држава кон ЕУ. Овие се мои претпоставки и мислам дека токму оваа е причината за овој состанок во Тирана , со оглед на блиските релации на Еди Рама со нашиот премиер Ковачевски“, истакнува Салихи.

Според него, влезот на Алијанса на Албанците во власта е завршена работа и само се чека средбата со Еди Рама како веќе оваа партија да има алиби за влез во Владата, пренесува „Локално“.