Новинарот Зоран Божиновски објавува електронска преписка во која тврди дека поседува е-мејл со кој се укажува дека премиерот Ковачевски пред 17 години учествувал во поткуп на една балканска влада.
Според принт скринот што го објавува Божиновски тој од извор во Македонски Телеком добил потврда дека Димитар Ковачевски и Славко Пројковски учествувале во поткуп на владата на Црна Гора.
Во исто време со Црна Гора во Македонија се случувале дејствија по кои Македонски Телеком остана монопол во телекомуникацискиот бизнис.
Пред американските судови веќе заврши предмет за поткуп со цел монопол на Македонски Телеком во Македонија а во земјава се уште трае долго процес во кој се инволвирани Владо Бучковски, Али Ахмети и Муса Џафери

Ниту Ковачевски, ниту Пројковски ниту СДСМ или владата не ја демантираат информацијата на Божиноски објавена вчера.
Најчитани вести
По МКарта и 100 илјади евра за Рејтинг, нов скандал во ресорот надворешни работи
МДС открива кражба во МНР: Министерството на Османи одзело по 4000 денари од вработените






