Шефот на македонската дипломатија вели дека за утре најавената средба на премиерот на Албанија, Еди Рама, со лидерите на албанскиот политички блок од Македонија е новогодишна.
Беса на тиранска маса сѝо ДУИ не седнува
„Средбата има за цел размена на мислења за актуелностите во регионот, очекувањата во Новата година, посакување на една подобра соработка во текот на оваа година“, одговори министерот Бухар Османи на новинарско прашање.
Според него, за средбата немало некоја однапред предвидена агенда:
„Се наоѓаме во година во која има војна на нашиот континент, има многубројни предизвици, заедничките аспирации на двете земји за продолжување на преговорите за членство во Европската унија“, вели Османи.
„Не сметам дека треба да се создаде некаква теорија на заговор по однос на овие средби. Сите средби во кои се комуницира, во кои се разменуваат идеи, информации, ставови се за благосостојба на нашата земја, но и на другите“, рече Османи кој истакна дека премиерот на Албанија е докажан пријател на Македонија.
„Тоа посебно го докажа во текот на овие месеци со преговори со Република Бугарија, кога буквално на сметка на интересите на Албанија се изложуваше кажувајќи ги позициите и на Република Македонија во тој дел“, рече Османи.
Средбата треба да се одржи утре а Еди Рама, ги поканил на неофицијална средба лидерите на сите политички партии од албанскиот блок во Северна Македонија.







