Советникот на украинскиот претседател Михаило Подољак за националната телевизија изјави дека ослободувањето на Крим е прашање на време и дека Русија ќе си замине веднаш штом Крим биде под целосна огнена контрола на Украина.



„Ако ја ослободиме територијата на регионите Луганск, Доњецк или Запорожје, тогаш Крим ќе биде под целосна огнена контрола на Украина. Не разбирам што ќе прават Русите таму. Тие ќе разберат дека треба да бегаат“, вели Подолиак.

„Русија е веќе подготвена да го напушти Крим, така што овој пат мора да се следи до крај. Тие (Русите) едноставно сè уште не излегле од состојбата на целосно пијанство“.

Кога украинските сили ќе ги ослободат моментално делумно окупираните територии, тогаш Русите ќе излезат, ќе погледнат наоколу и ќе сфатат: „или бегаш или умираш“.