По претпладневната магла и ниска облачносѝт по одделни котлини, денеска попладне најпрво во западните, а во текот на ноќта и во останатите делови се очекуваат повремени врнежи од дожд, а на планините од снег.
Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец. Дневната температура ќе се движи од 6 до 10 степени. Во Скопје и околината слично време со дневна температура до 5 степени.
Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 3, а максималната ќе достигне од 5 до 10 степени.
Во Скопје, претпладне со појава на магла, кон крајот на денот и во текот на ноќта со повремени врнежи од дожд.
Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 5 степени.







