Илјадници приврзаници на Болсонаро упаднаа во бразилскиот Конгрес, Врховниот суд и претседателската палата

Поддржувачите на експретседателот на Бразил, Жаир Болсонаро упаднаа во главните владини институции во Бразил – Конгресот, Врховниот суд и претседателската палата, а полицијата фрли солзавец на нив.



Драматичните сцени се случуваат една недела по инаугурацијата на новиот левичарски претседател Луис Инасио Лула да Силва.

Поддржувачите на Болсонаро одбиваат да прифатат дека тој загуби на изборите и ги пробија бариерите и влегоа во зградата во главниот град Бразилија. Демонстрантите ги скршија прозорците на зградата и кампуваат во близина. Тие бараат воена интервенција и оставка на Силва, попознат како Лула, кој го победи својот екстремно десничарски ривал на изборите во октомври. Лула моментално е на службено патување во Сао Паоло.

Во својот инаугуративен говор, Лула вети дека ќе ја обнови земјата, која е во „страшни урнатини“. Тој ја осуди политиката на својот претходник, кој замина во САД бојкотирајќи ја инаугурацијата.