Малак или Ангел е девојчето симбол на последиците од војните во кои големите и моќните војуваат а страдаат невините.
Малак во 2017 година стана симбол на жртвите на војните. Таа е од Сирија а за прв пат е снимена пред шест години.
Видеото со Малак или Ангел стана вирално во 2017 година кога еден ден откако останала без родители таа насмеана одговара дека татко и загинал.
Малата душа жртва на војната со ИСИС се крши кога репортерот ја прашува дали доручкувала, ручала или вечерата.
Малак е една од десетици милиони бегалци или раселени лица кои ги загубиле своите домови и се уште не се сигурни дека ќе имаат оброк секој ден.
Во меѓувреме најмоќните светски сили во својата борба за доминација врз светот трошат трилиони евра за постигнување на своите цели.
Малак која сега живее во камп во Сирија и сите како неа се тука да ги потсетат дека со една десетина од парите потрошени на војна цел свет може да биде сит а децата ќе можат да одат на училиште.
Видеото со Малак и денес се користи за да се испровицира грижа на совест кај тие што одлучуваат за мирот и војната, за смртта и животот.





