Гори шума во Националниот парк Шар Планина

Екипа од Националнит парк Националниот парк „Шар Планина“ денеска ќе се упати кон местото каде вчера изби пожар на непристапен терен и кој и денеска е активен.



Регионалниот ЦУК Тетово стапил во контакт и со директорот на Националниот парк и тој потврдил дека пожарот е се уште активен и дека се гледа од Теарце и Тетово

Според информациите од терен, до местото на шумскиот пожар над с. Теарце треба да пешачи околу два часа, бидејќи позицијата каде што се уште гори е многу високо и е на непристапен терен.

Инаку, покрај информирањето на надлежните локални претставници на институциите за појавениот пожар, ситуацијата се следи од вчера (07.01.2023 година, по 13.00 часот) кога на единствениот телефонски број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена информација за шумски пожар во месноста „Камник“ над с.Теарце.

По добиената информација за пожарот, дежурните од Регионалниот ЦУК Тетово стапиле во контакт со пријавителот, односно ренџер вработен во Национален парк „Шар Планина“. Притоа, ренџерот известил дека тој, со екипа вработени во Националниот парк, се упатени кон локацијата каде што е активен пожарот.