Доколку претседателот Румен Радев го додели мандатот на бугарските социјалисти (БСП) ГЕРБ ќе разговара со партијата на Корнелија Нинова, соопшти екс министерката за надворешни работи Екатерина Захариева.
И покрај барањето, Захариева таквиот разговор го дефинира како „тежок“ и „речиси невозможен“, а причината е – БСП е единствената партија за која има општа одлука на Конгресот на ГЕРБ – да не коалицира со социјалистите.
Во последните неколку недели, лидерот на ГЕРБ неколку пати сугерираше дека третиот мандат би бил најуспешен доколку и биде доделен на „Демократска Бугарија“, но нема индиции дека таква одлука ќе донесе претседателот Румен Радев.
Денеска Захариева истакна дека ГЕРБ има најчисти ставови со „Демократска Бугарија“, мо сепак рече дека ГЕРБ разговара со сите политички сили, вклучително и „Продолжуваме со промените“.
Таа одби да прогнозира кому биде доделен третиот мандат, откако прво ГЕБ-ДПС а потоа и „Продолжуваме со промените“, не дообија поддршка во парламентот за состав на влада.







