Руската Федерација сака да ѝ наметне на Украина сценарио за замрзнување на воената агресија врз Украина според „корејската опција“ со задржување на денешното статус кво, кое подразбира поделба на државата.
Ова го изјави секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана (СНБО) на Украина, Олексеј Данилов во интервју за телевизиски маратон.
Тој истакна дека на украинската страна сега ѝ е понудена „корејската опција“ – таканаречената „38-ма паралела“, која претходно ги делеше Јужна и Северна Кореја.
„Овде има вакви Украинци и нема такви Украинци. Сега Русите ќе смислуваат што сакаат. Сигурно знам дека една од можностите што можат да ни ја понудат е „38-мата паралела“ – рече Данилов.
Во овој контекст, Данилов вели дека неодамна разговарал со претставници на Кореја кои „веруваат дека тогаш било голема грешка да се направат отстапки, да се согласат на она што било неопходно заради зачувување… И денес има проблеми. “
Во септември, Русија ги прогласи украинските региони Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје за дел од својата територија по референдумите што ги отфрлија Украина и западните земји.
Русија не контролира целосно ниту еден од четирите припоени региони.






