Францускиот претседател Емануел Макрон ја премина „црвената линија“ и го прекрши военото табу, со тоа што стана првиот западен лидер кој се согласи да испрати немкови за Украина.
Според „Дејли Телеграф“ Макрон со ова, ја презеде иницијативата од Лондон да му помогне на Киев.
Телевизиското новогодишно обраќање на Макрон, во кое тој вети дека ќе и помогне на Украина да победи, означи „голема промена“ во јазикот на претседателот.
Се чини дека францускиот претседател повеќе не верува дека е можно да се преговара со Русија, пишува „Дејли Телеграф“.
Британскиот премиер Риши Сунак вети дека оваа година ќе ја „изедначи или надмине“ воената помош од 2,3 милијарди фунти што неговата земја и ја даде на Украина во 2022 година.
За време на телефонскиот разговор меѓу Макрон и украинскиот претседател Володимир Зеленски на 4 јануари, Елисејската палата се согласи да испрати лесни тенкови од француско производство во Украина.
Тенковите беа во употреба од 1976 до 1994 година и имаат топови од 105 мм и два митралеза.






