Иран погуби две лица обвинети за убиство на полициски службеник за време на немирите кои започнаа во септември по смртта на Махса Амини, која беше приведена од полицијата поради неправилно носење шамија, објави ИРНА.
И двајцата беа обесени.
На почетокот на декември беше објавено дека судот во Иран изрекол прелиминарни казни на 16 обвинети во случајот за убиство на офицер на Басиџ (паравоен огранок на Корпусот на Исламската револуционерна гарда), од кои петмина се осудени на смрт.
Од средината на септември, Иран е зафатен од масовни немири поради смртта на Масха Емини.
Иранките почнаа масовно да објавуваат видеа на социјалните мрежи на кои си ја сечат косата и го палат хиџабот.






