Косовската полиција ја оцени како убиство во обиде престрелката во која вчера беа ранети две лица од српска националност.



Момчето С.С (11) и младиот Милош Стојановиќ (21) беа ранети вчера во Готовуша кај Штрпце кога, како што соопшти Управата за Косово и Метохија, локален Албанец без причина пукал во нив од возило во движење.

Се наведува дека на осомничениот за престрелката, кој беше уапсен вчера, му бил одземен револверот и дека со одлука на обвинителството му е одредена мерка притвор, пренесува Репортерс.

Двајцата повредени се пренесени на лекување и дека според лекарскиот извештај се надвор од животна опасност.