Шестгодишно момче застрела и рани наставничка во училиште во Вирџинија во петокот, за време на „расправија“ според полицијата и училишните власти во градот Њупорт Њуз.
Пукањето се случило во училница за прво одделение во основното училиште Рихнек, но нема повредени ученици.
Наставничката, на 30-годишна возраст, се здоби повреди опасни по живот, но нејзината состојба се подобрува во болницата, им изјави на новинарите началникот на полицијата Стив Дру.
Според Дру, ова не беше случајно пукање“.
Момчето е приведено во полиција, но не се соопштуваат дополнителни информации за пукањето.
Полицијата рече дека момчето имало пиштол во училницата и инспекторите се обидуваат да утврдат како момчето успеало да го добие.






