Републиканецот Кевин Меккарти е избран за претседател на Претставничкиот дом по повеќедневни преговори и 15 круга гласање. Неговиот избор уследи по хаотичната ноќ во Претставничкиот дом, вклучително и жестоката конфронтација меѓу Мекарти и пратеникот Мет Гаец за време на 14-тиот круг на гласање.
Во жестоката интерна партиска борба за превласт, републиканецот Кевин Меккарти стана нов претседател на Претставничкиот дом на САД, јави Си-Ен-Ен.
57-годишниот политичар беше избран на функцијата во 15-та рунда гласање со 216 гласови во своја полза и 212 против.
На овој начин сојузникот на поранешниот претседател Доналд Трамп станува моќен политички соперник на демократскиот претседателЏозеф Бајден.
Меккарти стапува на функцијата која е трета во државниот ранг по американскиот претседател и неговиот потпретседател, наследувајќи ја својата претходничка, демократката Ненси Пелоси.
Изборниот маратон во Претставничкиот дом претставува бламажа од историски димензии за опозиционите републиканци, кои по меѓуизборите во ноемвриосвоија мнозинство во конгресниот дом.
Последен пат подолга постапка за избор на спикер е забележана во времето по американската граѓанска војна, во 1856 година конгресмените гласале дури 133 пати.






