И македонците и македонската држава денеска на големиот христијански празник во пресрет на Божиќ се понижени од акт на градоначалник на ДУИ.
На улиците на Кичево денеска е снимена фотографија на која се гледа дека државното знаме на Македонија е поставено речиси до земја.
Според ниеден закон македонското знаме не смее да биде поставено под албанското ниту пак смее да биде поставено речиси да ја допира земјата освен ако не се работи за капитулација.
Зошто градоначалникот на Кичево Фатмир Дехари како кадар на ДУИ дозволил понижување на македонското знаме и на Македонци е прашање на кое треба да добиеме одговор од Ахмети, Груби, Османи но и од премиерот Ковачевски и СДСМ која го поддржа Дехари за градоначалник на Кичево на последните локални избори.
Извор на фотографијата
Па добро можеле и на земја да го остават Македонското знаме pic.twitter.com/72VQpPAOhM
— Кичеецот (@mancesterovec7) January 6, 2023





