Претседателот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари во интервју за Алсат ги отфрла „сите гласини за вклучување на Алијансата во Владата“.
Како што објави ТВ Алсат, Таравари вели дека „за оваа работа воопшто не се разговарало, но и ако би имало понуда, партиското членство би ја донело одлуката“.
Таравари вели дека „нема разговори ниту со ВМРО за нејзината иницијатива за гласање за доверба на Владата“.





